ВМРО-ДПМНЕ: Наводниот раст од 4,1% е лага, лани беше катастрофално низок

Република Македонија од ден во ден е сѐ посиромашна. Шаторите на работниците од Еурокомпозит пред влада потсеќаат на едно мрачно минато. Десетици работници од Прилеп поради безизлезноста во која ги втурна Заев сега ноќеваат пред Влада. Колку успешна е економската политика на Заев се гледа и по сѐ пополните автобуси со млади луѓе кои ја напуштаат Македонија, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„Доколку Македонија оди напред болни деца ќе се лечат со пари од ФЗО, а не со СМС пораки. Вистинската слика за економијата не е розева како што Зоран Заев и неговите перјаници се обидуваат да претстават.

Наводниот раст од 4.1% е уште една голема лага. Растот е во проценти толкав само затоа што лани беше катастрофално низок. Граѓаните не гледаат со розевите наочари на Заев. Граѓаните ја живеат суровата реалност секој ден. Заев треба да си замине, затоа што не постигна никакво реално подобрување на животот на граѓаните“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

САД денес остануваат држава со најнапреден систем на високо образование во светот, со најголем број на научни публикации, инвестиции во наука, патентирање на иновации и на добитници на Нобелова награда.

повеќе

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе