Реакција

ВМРО-ДПМНЕ: Народот не ги поддржува криминогените политики на Заев

СДСМ се обидува да го копира начинот на избор на кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, но безуспешно. Единствен критериум им е послушноста кон Зоран Заев и поддршката на криминалните и антидржавни политики. Затоа толкав гнев, лаги и страв од кандидатот кој ќе го избере ВМРО-ДПМНЕ, реагира партијата на денешното соопштение на СДСМ.

„Знаат дека народот им го врти грбот и дека поддршката ќе ја даде на ВМРО-ДПМНЕ.Народот не ги поддржува криминогените политики на Зоран Заев, кој нема демократски капацитет и спротивно на волјата на граѓаните донесе голем број на антиуставни и штетни договори и закони.

Граѓаните ја гледаат разликата. Граѓаните знаат кој има демократски капацитет, а кој се води по криминогените наредби на лидерот. СДСМ ќе го дознае одговорот на избори, кога ќе бидат поразени деструктивните политики и деструктивниот начин на водење на државата“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

(Текстот е одговор на колумната „Сите нации се модерни конструкти" од д-р Љубица Спасковска објавена на МКД.мк, 1 август)

повеќе

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе