ВМРО-ДПМНЕ: Наместо сторителите на криминалот, власта почнува да ги гони новинарите

Наместо да гонат криминал, институциите по налог на Зоран Заев, гонат медиуми и вршат притисоци врз новинари кои објавуваат сомненија за корупција на власта. Вчера во полиција беа повикани двајца новинари, а еден медиум заврши со емитување на програма затоа што Заев, негови функционери, СЈО и сопственикот на медиумот рекетирале милиони евра, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„За аболицираниот Заев не беше доволен политичкиот прогон кој го вршеше врз опозицијата, па удира и во медиумската сфера. Криминалната банда на чело со Заев се обидува да ги замолчи и цензурира медиумите кои ги разоткриваат криминалите и корупцијата на власта. Акцискиот план на човекот кој е синоним за лаги и дезинформации, за борба против дезинформирањето не е ништо повеќе од класичен обид за цензурирање на медиумите во Република Македонија.

Слободата на медиумите во Македонија е загрозена, слобода на говор нема, а со ваквото нецивилизирано однесување на власта се загрозува и европската иднина на државата.

Случајот ,,Рекет'' е најголема потврда за уцените и заканите со кои се користи власта во пресметка со неистомислениците. Најголемите непријатели на лажгото Заев се оние кои ја говорат вистината за неговото владеење, новинарите.

Откако новинарите Љупчо Златев и Горан Момировски го обзнанија мега скандалот со местениот тендер ,,Leonardo will win'', тие беа повикани на распит во МВР. Наместо обвинителството да го истражи овој случај, на мета на институциите се најдоа оние кои го обзнанија криминалот на власта.

Лагите на Заев веќе не минуваат во јавноста па оттаму произлегува причината да се дискредитираат сите оние кои ја говорат вистината за неговото владеење преку обвинувања за лажните вести.

Ваквите орвелови чекори на криминалната власт за општа цензура, само го забрзуваат нејзиниот пад. Во Македонија ќе дојде време кога граѓаните, новинарите, медиумите ќе можат слободно да се изразуваат, а тоа ќе се случи кога Зоран Заев ќе си замине од политичката сцена во Република Македонија“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе