ВМРО-ДПМНЕ најавува 2 милијарди евра инвестиции во инфраструктурата

Економски раст, зголемување на инвестициите и отворање на нови работни места е можно само со инфраструктурни проекти и модерна мрежa на патишта и железничка пруга низ цела Македонија, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата ветува 2 милијарди евра инвестиции во инфраструктурата.

„За 4 години од сега ќе нема неасфалтиран пат во Македонија. Битола конечно ќе добие автопат. Планираме изградба на автопат од Скопје до Битола. Возењето со автомобил на тој начин ќе се скрати на час и половина.

Дополнително ќе има неколку експресни патишта. Кочани - Штип, Штип - Радовиш, Струмуца - бугарска граница, Кавадарци - Прилеп, Битола - грчка граница и Куманово - бугарска граница.

Регионалните центри ќе бидат поврзани со автопат или експресни патишта. Секој крај на државата ќе биде лесно достапен од која било точка.       Квалитетната инфраструктурна поврзаност ќе значи можност за севкупен економски развој во секој регион од државата подеднакво. По 12-ти април ќе инвестираме во Македонија. По 12-ти април Македонија влегува во фаза на обнова", соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе

Потребно е неодложно формирање на државен фонд кој ќе овозможи во прв момент преживување во оваа ситуација...

повеќе

Во време кога пандемијата на коронавирусот и понатаму е вон контрола, најдобар економски исход на кој би можеле да се надеваме е рецесија која ќе биде подлабока од онаа со финансиската криза во 2008 година. 

повеќе