ВМРО-ДПМНЕ: На Заев и Филипче сите им се виновни што не знаат да се справат со епидемијата

По објавувањето на вчерашната статистика за ковид-10 во земјава, ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека „Македонија со Заев и Филипче оди кон ломбардиско сценарио“.

„Гледаме дека болничките капацитети се исполнети, граѓаните чекаат со денови да бидат тестирани, здравствениот персонал е исцрпен и демотивиран од властите, речиси целиот здравствен систем ни е во хаос поради лошото менаџирање со состојбите, а нивните мерки се сведуваат на ред апели, ред читање на црни статистики, ред обвинување на граѓаните, опозицијата и слично.

Сите им се виновни што не знаат да се справат со епидемијата, освен самите тие. За еден месец во Македонија има над 11 илјади нови случаи на заболени и околу 250 починати. Со вакви бројки Македонија е редовно на врвот по црната статистика, а здравствените власти не чувствуваа одговорност“, пишува во партиското соопштение.

 

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе