ВМРО-ДПМНЕ: Мнозинството на Заев не носи вакцини за граѓаните

Ако СДСМ има стабилно мнозинство тогаш зошто следниот ден веќе не можеше да се оддржи седница на Собранието поради недостаток на кворум. Удирањето во гради на Заев со мнозинство не носи вакцини за граѓаните кои умираат поради неспособноста на Заев. Заев има слабо, кревко владејачко мнозинство, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„Заев додека глуми стабилен, Македонија нема вакцини против ковид-19, а државата неговата влада ја задолжи за 850 милиони евра со камати. Заев додека глуми стабилен во државата владее енормна сиромаштија, Македонија е во длабока рецесија. Заев додека глуми стабилен нема правда во државата, но затоа има криминал и владее мафија на секој чекор. Хибриден режим кој е најкорумпиран е реалноста која ја создаде Заев“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе