ВМРО-ДПМНЕ: Министерке Царовска, насилната реформа е осудена на пропаст, послушајте го народот

Да имаше Мила Царовска барем малку чувство за потребите на сопствениот народ, ќе прошеташе меѓу него и ќе разбереше дека насилната реформа, која ја спроведува во образованието е осудена на пропаст. Наместо тоа, таа повторно не најде време да се соочи со претставниците на околу 75.000 родители. Министерке, наместо ароганцијата и игнорантност покажете барем малку сочувство, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Дигиталните учебници  без хартиен учебник е неприфатлив за поголем дел од населението, иако само 75.000 се осмелиле, во тоталитарниот режим, да го обзнанат своето мислење. Оние кои немаат дигитални уреди и припаѓаат на ранливите категории нема ни каде, ни кому да се обратат.

Дополнително, не се слуша ни гласот на учениците. Тие бараат, децата бараат, хартиени учебници и настава во училиштата со физичко присуство. Тие самите се повеќе свесни за социјалната разлика која се создава со ваквиот непромислен проект. Тие самите се борат за знаење, додека арогантната министерка упорно натура свои идеи.

Министерке, наместо ароганцијата и игнорантност покажете барем малку сочувство. Ќе биде покорисно за образованието“, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

 

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе