ВМРО-ДПМНЕ: Мијалков и Заев направија циркус од цела држава

Заев направи циркус, никој не верува дека како резултат на истрагата на Заев му паднала температурата на Мијалков. Мафија на робија. Бурната реакција на народот спречи Мијалков да избега, Спасовски да си поднесе оставка веднаш. Мијалков и Заев направија циркус од цела држава, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„Да не беше реакцијата од јавноста Мијалков немаше да се пријави во ЈО. Спасовски два дена не можеше да го лоцира Мијалков и системот целосно потфрли. Потребна е одговорност.

Тоа што Мијалков побегна пред очите на полицијата говори дека тој имал информации за нејзиното движење кои може само да ги има врвот на власта, Спасовски и Заев.

Јасно се гледа коалицијата Зоран - Вице - Сашо. Македонија е заробена од овие криминалци и потребни се итни оставки. Очекуваме партиите во парламентот да се одважат и да му се изгласа интерпелација на Спасовски, а подоцна и да се формира експертска влада за организирање на избори локални и парламентарни. Заев не смее да продолжи да ја резили државата“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе