Реакција

ВМРО-ДПМНЕ: Местото на Заев не е во политиката, туку во затвор

Зоран Заев е најголемиот криминалец во Република Македонија. А, СДСМ може да говори за одговорност кога Заев ќе си замине од власт. Доколку СДСМ сака да покаже морална одговорност, треба нивниот лидер Зоран Заев да поднесе оставка од премиер поради „Евро за Вицето, евро за црквата“,  матно доделување земјиште на семејството и уште многу криминали кои ги спроведе изминативе две години, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ во кое се бара оставки на пратениците на опозицијата против кои се водат истраги за кривични дела.

„Македонија нема да добие датум за преговори со ЕУ поради енормниот криминал, што владее откако СДСМ дојде на власт. Поради тоа местото на Зоран Заев не е во политика, туку во затвор, каде што ќе одговара за своите криминали по враќањето на правната држава. За доброто на граѓаните и Република Македонија метлата треба да заигра што поскоро и тоа да почне од Зоран Заев“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе