ВМРО-ДПМНЕ: Мерките и стратегијата на Владата се промашени

Додека во регионот државите се фалат како неколку денови немаат новозаразени, Македонија е на врвот по заразени и урива рекорди на заразени од ковид–19 во регинот, вели ВМРО-ДПМНЕ во денешното утринско соопштение.

„Националниот институт за јавно здравје на Словенија објави дека во земјата четврти ден по ред не е регистриран ниту еден нов случај на заразен со коронавирусот. Освен тоа Словенија прогласи пред некое време и крај на корона кризата. Во Хрватска последното деноноќие имаат само еден новозаболен од ковид-19.

Кај нас досега се направени околу 25.000 тестирања што е три пати помалку во однос на Словенија која има 74.419, а Хрватска 61.482.

Додека во регионот главна тема е справувањето со економските последици, во Македонија се уште се бројат новозаболени лица, лица кои добиваат решенија за самоизолација  и изолација.

Овој податок говори дека Владата предводена од СДСМ наместо да се фокусираат на здравствени мерки, гледа како да ја спаси политичката кариера на Зоран Заев”, обвинува опозициската партија.

Според нив, ова се должи на задоцнети и несоодветни мерки.

 

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе