ВМРО-ДПМНЕ: Маврово Ростуше ќе одбере промени, а не дивоградбите на Медат Куртовски на СДСМ

Маврово Ростуше ќе одбере промени, а не како актуелниот градоначалник од СДСМ кој злоупотребува позиции и овластување. Медат Куртовски од СДСМ од Маврово Ростуше направи поле за дивоградби. Криминалот стана негово второ име, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Дивоградбите кои го загрозуваат и националниот парк мора са станат минато. А со СДСМ тие ќе продолжат. Затоа неопходни се промени.

Праксата за криминал, дивоградби и злоупотреби на позиции завршува. Маврово Ростуше ќе избере промени. Др. Мевмед Џафери, кој е член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и кандидат за градоначалник на претстојните избори ќе ги предводи промените.

Доктор Џафери е човек од народот, за народот. Маврово Ростуше ќе добие нов лик, а промените ќе значат и функционална и услужна локална самоуправа за граѓаните, голем број на ифнраструктурни проекти и борба за инвестиции кои ќе значат отворање на нови работни места.

Маврово Ростуше заслужува подобро од Медат Куртовски. Маврово Ростуше ќе избере промени“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе