Реакција

ВМРО-ДПМНЕ: Македонската економија е пред тотален колапс, а СДСМ се фали со просечната плата

Економијата во Република Македонија e жртва на криминалот и корупцијата на власта предводена од Заев. Во моментов во земјава има повеќе од 500.000 граѓани кои што живеат во сиромаштија. Граѓаните не можат да си дозволат да отидат на годишен одмор, а повеќе од 80 проценти од нив размислуваат и бараат начин како да ја напуштат земјава, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

„Нивото на реализација на капиталните инвестиции за првите 6 месеци е под 20 проценти, ова е доказ дека Владата на Заев не работи ништо. Граѓаните на Република Македонија заслужуваат подобро. Заслужуваат држава во која ќе имаат пристоен живот за нив и нивните најблиски, држава во која нема да бидат принудени да размислуваат како ќе го поминат месецот. На Македонија ѝ е потребна промена, време е да се стави крај на криминалната транзиција и транзициските политичари. Време е за успешна и економски силна Република Македонија“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

ЕУ покажа дека не е во состојба да ги исполни ветувањата дадени пред скоро две децении во Солун и одлучи веќе да не се преправа.

повеќе

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе