ВМРО-ДПМНЕ: Македонија во јуни нема да добие датум за преговори со ЕУ

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение ја обвинува владата дека е неспособна да ги испорача реформските приоритети и да ги спроведен судските реформи. 

Според партијата, организираниот криминал, високиот степен на корупција, нарушеното функционирање на институциите, бројните скандали и однесувањето на функционерите на власт, не само што на Македонија нема да и донесат датум за преговори со ЕУ, туку ќе ја доведат државата и граѓаните во поголема криза.

„Пораките и препораките кои стигнуваа годинава за состојбата во која што се наоѓа Република Македонија, не допираат до Зоран Заев. Тој бесрамно се самонагради со незаслужен одмор за неспособното работење.

Заев наместо да ги засука ракавите и да почне да работи на проблемите со кои се соочува државата, за да им обезбеди европска иднина на граѓаните, главна преoкупација му е со каков мотор ќе се вози.

Нема сомнеж дека сериозните европски партнери ќе го казнат неработењето на Заев, кој ќе треба да понесе одговорност зашто ги трошеше државните пари за прослави по повод добивање на наводен датум за преговори со Европската унија. 

Македонија нема да добие датум за почеток на преговорите во јуни, затоа што владата нема капацитет да ги испорача критериумите, а единствени реформи се скапите мотори на Заеви”, пишува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе