ВМРО-ДПМНЕ: Македонија со СДС, ДУИ и Ковачевски е рекордер по мизерија

Македонија со СДС, ДУИ и Ковачевски стана рекордер по мизерија и тоа не само во Европа, туку и во светот. Власта донесе таква беда што македонските граѓани забрзано осиромашуваат и трпат за леб. Додека СДС и ДУИ го кројат најголемиот буџет во историјата за богатење на нивните функционери, граѓаните не можат да дозволат да си купат храна, обвинуваат од најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ. 

Повикувајќи се на подаотци од Светска банка партијата тврди дека Македонија е во топ 10 земји во светот со највисока реална инфлација во храна, која се пресметува како инфлација во храна минус вкупната инфлација.

„Ова значи дека со оваа власт граѓаните не можат ни да се прехранат, а камо ли да си дозволат други основни потреби. Колку е поскап животот и колку е поголема сиромаштијата ни укажува и фактот дека синдикалната кошница за едно семејство за една година порасната е за неверојатни 16.940 денари, односно од 34.574 во октомври лани, на 51.514 денари во октомври оваа година или речиси колку една минимална плата. Државниот завод за статистика објави дека цените за храна во октомври се повисоки за 32 отсто но основните намирници се пораснати за над 50 отсто. И наместо да го спречи осиромашувањето на народот власта на почетокот на следната година за 2 месеци од сега ќе му зададе нов удар со повисоки сметки за струја, а тоа ќе значи и нови поскапувања. Дополнителен удар за граѓаните е што илјадници компании затворија заради погрешните политики на СДС и ДУИ, што значи дека во најголемата сиромаштија уште повеќе граѓани ќе останат на улица, а да биде полошо нема ни странски инвестиции.“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.




Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе