ВМРО-ДПМНЕ: Македонија прво треба да ја победи епидемијата, а потоа и неспособноста на владата на Заев

Епидемијата од корона вирус за едно деноноќие однесе уште еден живот, а 87 наши сограѓани се новозаразени. Само од почетокот на јуни во Македонија има 1.016 нови заразени и 24 починати, а на Заев и Филипче приоритет им се брзи избори наместо здравјето и животите на граѓаните. За да ја спасат политичката кариера на Заев и да избегнат катастрофален пораз подготвени се и покрај вакви бројки да прогласат најнова нормалност. Тоа само покажува дека Заев ја губи битката со епидемијата, а граѓаните за жал поради неговата неодговорност губат здравје и животи, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„Македонија е на 103-то место во светот според справувањето со корона епидемијата. Над половина од граѓаните сметаат дека владата лошо се справува со кризата, споредено со регионот. Македонија е земја рекордер на Балканот по заболени и починати на еден милион жители.

Ова се поразителните факти и бројки кои Заев и СДСМ не сакаат да ги видат. Тие тераат кампањи, создадоа дури и кластер во самата партија од заразени, ги изложуваат на ризик здравјето и животите на луѓето, само и само да ги остварат своите тесно партиски интереси.

Македонија прво треба да ја победи епидемијата со корона, а потоа ќе ја победи на избори епидемијата од неспособност, сиромаштија, криминал и корупција која ја донесе тригодишниот хибриден режим на Заев“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе