ВМРО-ДПМНЕ Македонија ќе ја победи и короната, и Заев и Филипче

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение обвинува дека власта исклучително лошо ја менаџира епидемијата со корона вирусот, а, како што велат, Венко Филипче наместо со здравјето на граѓаните се занимава со диктатите на Зоран Заев, на кој му се брза да го ублажи претстојниот пораз. 

Фото: Роберт Атанасовски

„Наместо епидемијата да спласнува, како во повеќето земји од регионот, таа во Македонија се шири. Евидентирани се 17 новозаболени и двајца починати за 24 часа. Дополнително, евидентен е хаосот, па така починати лица од корона вирус се кријат, па под притисок на јавноста се објавуваат после ден или два. 

Граѓаните кои се тестираат од корона вирус чекаат со денови за резултати, а често се случува нивните резултати да се изгубат, па повторно да се тестираат. 

Македонија поради неспособноста на власта и партиските калкулации на Заев и Филипче е земја која најмалку тестира граѓани во регионот, а е рекордер по смртност на милион жители, повеќе од Албанија, Бугарија и Грција заедно”, пишува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, за конфузијата говори и фактот што заради лошите показатели од епидемиолошките анализи се бара продолжување на вонредната состојба, а од друга страна се инсистира на брзи избори на кои во матно би се намалил поразот по цена на здравјето.

„Животот на граѓаните е поважен од политичката кариера на Заев и на Филипче. Прво Македонија ќе ја победи короната, а потоа ќе ги победи на избори Заев и Филипче”, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Легенда под Главна слика

Фото: Роберт Атанасовски

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе