ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е црна точка во Европа по заразени и умрени од коронавирусот

Македонија е црн рекордер по заразени и смртни случаи од корона вирус во регионот на еден милион жители. Бројот на заразени достигна 12.357 лица што е над 6 пати повеќе од прогнозите на Филипче, а бројот на починати е 532. Македонија стана црна точка во Европа која ги загрозува и останатите земји, обвинува ВМРО-ДПМНЕ.

„Никакви протоколи и заштита немаат здравствените власти поради кои ни се случуваат скандали како заразените патници кои ги патуваа од Скопје до Турку во Финска. Протоколи ниту соодветен план немаат ниту за дома. На помалку од дваесет дена од почетокот на новата учебна година нема одлука како ќе се одвива наставата со што во неизвесност ги ставаат децата, родителите и наставничкиот кадар.

Дополнително економскиот аспект на кризата станува уште полош. Десетици илјади лица ги изгубија своите работни места, а уште толку земаат намалена плата или пак воопшто не ја зеле. Агенцијата за вработување го криеше бројот на лица кои останале невработени, со цел јавноста пред избори да не види со каква неспособна власт си има работа. Капак на сето тоа власта им испорача поскапа струја за 7,5% со што директно се удри по џебот на народот, на сметка на енергетските компании во кои изминатиот период беа непотистички и партиски вработувани лица блиски до власта“, пишува во партиското соопштение.

Според ВМРО-ДПМНЕ, „Македонија со Заев нема иднина, туку само тоне сѐ подлабоко и подлабоко“.

 

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе