ВМРО-ДПМНЕ: Криминалната власт на СДСМ и ДУИ е најголемиот непријател на европската иднина

Власта на СДСМ и ДУИ се наголемите непријатели на евроинтеграциите и европската иднина на Македонија. Тие се олицетворение на целиот криминал, корупција, неодговорност, башибозук и неспособност во државата. Ваквата власт на СДСМ и ДУИ ги осиромашува граѓаните, а за жал чини многу животи. Заради власта расте разочарувањето, апатијата и скептицизмот на народот кон членството во ЕУ, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„Сè што фати криминалниот картел на СДСМ и ДУИ се криминализираше, а народот гледа како тоа поминува неказнето. Народот веќе нема верба во правната држава, еден од темелните европски вредности. Народот не гледа еднаквост пред законите, нема одговорност, нема судство, нема образовен систем, нема здравствен систем. Секој аспект од живеењето е урнисан од власта, секој европски принцип и вредност е погазен.

Заевизмот е најголема закана за европските вредности и европската иднина. Пиуните кои треба да го продолжат заевизмот треба да си заминат заедно со Заев. Тоа може да се случи само преку брзи предвремени парламентарни избори“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе

Нам бизнисмените не ни требаат ниту уставни преамбули ниту некакви параграфи за да ги почитуваме Република Бугарија и нејзините граѓани. Ние некого почитуваме доколку прави профит, плаќа даноци и доколку е општествено одговорен.

повеќе