ВМРО-ДПМНЕ: Криминален тендер за набавка на патни исправи на Заев и Спасовски

СДСМ, Зоран Заев и Оливер Спасовски преку МВР на криминален начин набавува патни исправи. Скандалозниот тендер тежи околу 20 милиони евра, а целата постапка е надвор од законските процедури, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„Според планот на набавка на пасоши и лични документи во МВР, во 2019 година биле предвидени средства во висина од околу 7 милиони евра. Веднаш потоа истата фирма и единствен понудувач „Веридос“ бара сума од околу 20 милиони евра, сума која што е обезбедена од криминално рекетарската влада на СДСМ.

За тоа дека целата постапка е криминална докажува и фактот што Договорот за рамковната спогодба во висина од 19.681.666 евра е склучен на 5 декември 2019 година, а одлуката за избор и извештајот за постапката за оваа јавна набавка се склучени и архивирани на 6 декември 2019, односно еден ден подоцна откако е склучена рамковната спогодба од страна на МВР со фирмата „Веридос“.

Дополнително на ова, во текот на постапката се менуваат и членовите Комисијата за набавка на тендерот по теркот на СДСМ за да го аминуваат криминалното работење на Спасовски и Заев. СДСМ, Заев и Спасовски свесно ги прекршуваат сите законски норми на сметка на лично богатење.

Криминал, рекет, уцени, закани, поткуп се одлика на владеењето на СДСМ, Заев и Спасовски.  Јавното обвинителство трет ден молчи за овој скандал тежок околу 20 милиони евра. СДСМ, Заев и Спасовски се во спрега со јавното обвинителство газејќи го правниот поредок и владеењето на правото во Република Македонија. Ова е сериозен случај кој мора да добие правна разрешница. Јавното обвинителство мора да собере храброст и да постапи по допрен глас“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе