„За некој тендер повеќе, за некој денар повеќе во џебот на функционерите од СДС се претворија во измеќари. Тоа е лицето на СДС денес, од партија која имаше некаква државотворна улога во минатото, во измеќарска партија за лични интереси и богатење.
Додека народот секој ден, сѐ повеќе осиромашува, додека економијата тоне, а граѓаните ги очекува најтешката зима, СДС и Ковачевски мислат и се спремни сѐ да прифатат за некој тендер повеќе, мислат само на лично богатење на грбот на граѓаните.
На наредните предвремени парламентарни избори СДС и Ковачевски ќе доживеат дебакл, а со тој дебакл се става по знак прашање постоењето на СДС како политичка партија, па затоа грчевито се борат за ден повеќе да опстојат на политичката сцена, а со тоа да слугуваат на ДУИ и Ахмети.
За да престанат сите омаловажувања и предавства на дезертерот Ковачевски и СДС, потребни се предвремени избори, за народот да каже дали сакаат да продолжат сите предавства на СДС и ДУИ, или сакаат просперитетна иднина и европска иднина со ВМРО-ДПМНЕ“, соопшти партијата.
Со почит,