ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски и СДСМ се најголемите виновници за капитулацијата на македонската дипломатија

Продолжуваат капитулациите на македонската дипломатија во односите со Бугарија. Секој ден нови барања, нови изјави кои го негираат македонскиот идентитет, јазик, култура и историја. Катадневно пристигнуваат нови и нови шамари од страна на бугарски политичари, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„И покрај потпишаниот Протокол, кои од Ковачевски и владата беше прогласен како голем успех, како што предупредувавме, повторно во Бугарија се спремаат нови документи и условувања.

За сите понижувања, во договор со бугарските власти, Ковачевски, Османи и Маричиќ за реализација на сите нечесни намери пред граѓаните лажат дека Европската Унија не приморува на истото.

Секоја ваква изјава е само уште една ноторна лага, за спас на политичките кариери и да си купат уште некој ден плус да останат на власт.

Нечесните намери од страна на оваа ненародна власт и властите на Бугарија се асимилација на македонскиот народ и бугаризација, а тоа не е европеизација на државата. Најголеми виновници за секое понижување на државата и македонскиот народ се Ковачевски, Османи и Маричиќ.

ВМРО-ДПМНЕ цврсто стои на ставот дека нема да има промена на Уставот на Македонија, и покрај сите притисоци од страна на криминалците од СДСМ.

СДСМ и Ковачевски треба да се охрабрат и да прифатат одржување на референдум за овој процес со Бугарија. Нека не се плашат да го слушнат гласот на народот за нивните предавнички и погубни политики“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

 

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе

Шоковите кои се случуваат истовремено и распадот на меѓународната соработка го направија управувањето со кризи невозможно - барем со користење на стандардните алатки. 

повеќе