ВМРО-ДПМНЕ: Корона кризата дополнително ја покажа неспособноста на Заев и СДСМ

Зоран Заев и СДСМ системски ја уништуваат економијата во Македонија.Заев и СДСМ само лажат. Ветуваа 500 евра плата, а ветуваа и раст на БДП годишно од 5 до 7 отсто. Не само што нема ништо, туку и бројките говорат дека просечната плата е далеку од ветените 500 евра, а економскиот раст постои само во сонот на Заев, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Јавниот долг за три години надмина 5 милијарди евра, а само оваа година заради лошиот менаџмент буџетската дупка ќе изнесува една милијарда евра. Корона кризата само ја покажа дополнително неспособноста на Заев и владата предводена од СДСМ. Прометот во индустријата во првите пет месеци од годинава е намален за 20 отсто во однос на лани, индустриското производство е намалено за 14,6 отсто. За три години граѓаните видоа само како Заев краде, граѓаните видоа само корупција и криминал, полни чанти со пари за Заев и пријателите од рекет. Македонија со Заев и СДСМ само тоне. Граѓаните и Македонија заслужуваат подобро. Криминалот, корупцијата и рекетот мора да станат минато, а одговорност мора да има“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе