ВМРО-ДПМНЕ: Кој од Владата го предупреду Бојан Јовановски за случајот „Рекет“

Единствено што власта реализираше овие три години се рекетираните торби со пари тешки милиони евра. Злоупотреби на службена положба, мито и корупција, помагање и прикривање на криминалот со импровизирани истраги, обвинители и судии во служба на владата, се ликот и делото на оваа Влада. Кој од владата му прати порака на Бојан Јовановски и во чии раце завршија милионските суми од рекетот, се прашањата за коишто се чини не смее никој да одговори, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„Власта се обидува да заташкува кои други функционери биле вклучени во криминалната мрежа за случајот „Рекет“. Со десетиците коруптивни и криминални случаи, Македонија стана мафијашка држава каде владеат рекетарите и криминалците. Никој не сака да живее во држава каде нема никаква сигурност, а правдата е недостижна.

Русковска одби да затропа на вратата на „Илинденска“ иако таму се наоѓа главата на криминалниот октопод, па за да ги заштити функционерите на власт ја затвори истрагата. Пет месеци поминаа, а јавноста сѐ уште се прашува каде е торбата Луј Витон и службената белешка којашто требаше да ја приложи Заев Празната реторика и лажната желба за реформи во судството се одлика на оваа крими влада.

На планот за животот со рекет му доаѓа крај. Заев да не бега од избори, туку да се соочи со одговорност пред граѓаните“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе