ВМРО-ДПМНЕ: Кои функционери на СДСМ знаеле за средбите на Талат Џафери и лица од Чеченија кои претставуваат ризик за безбедноста

СДСМ да не молчи и да одговори дали и кои нивни функционери присуствувале и знаеле за средбите на Талат Џафери со лица од Чеченија кои претставуваат ризик за безбедноста на Македонија и западниот свет. Граѓаните треба да добијат одговор дали и Ковачевски како дел од владата, знаел за средбите на Талат Џафери со чеченската делегација предовдена од пратеникот на Думата Абдул-Вајед Нијазов, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ по инфомациите за средбите на претседателот на Собранието со делегација на руската Чеченска Република.

„Што сомнително се договарало на истата средба штом се крие, иако Џафери како претседател на Собрание треба да известува со кои официјални лица се среќава и колку такви средби кои се ризик за Македонија и остварил?

Што им ветил Џафери на Чеченците и како е возможно безбедносните служби да дозволиле таква средба која очигледно е ризик за безбедноста?

СДСМ треба да одговори дали нашите меѓународни партнери биле известени за средби на Талат Џафери како претседател на Собрание со претставници кои не само што се ризик за безбедноста туку и ги поткопуваат демократските и западните вредности.

Додека устите на СДСМ и ДУИ им се полни со поделби во државата на прозападни и антизападни, нивни функционери се среќаваат со контроверзни лица од Чеченија, марионети на Кремљ.

Впрочем и затоа ги прават тие поделби и така се обидуваат да си ја ишкаат мувата од капата.

Воедно власта треба да одговори и кој ја дал идејата за изградба на споменик во Тетово на Ахмат Кадиров, односно на таткото на Рамзан Кадиров - лидерот на Чеченците кој се бори во Украина?

Талат Џафери не само што има девијантно однесување кон вработените во Собранието, тој  со вакви средби ја поткопува и сигурноста и демократијата на Македонија. Таков човек е недостоен да биде носител на каква било функција, особено не е достоен да биде претседател на Собрание“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе