ВМРО-ДПМНЕ: Кога ќе дојдеме на власт ќе се справиме со корупцијата

Странските инвеститори ќе ја заобиколуваат Македонија, младите ќе бегаат, а Европската Унија ќе остане само желба бидејќи криминалците од власта заглавија во корупција, а институциите се само извршители на хибридниот режим, пишува во утринското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Заев ветуваше живот, а донесе режим и корупција во Република Македонија. На листата на Транспаренси Интернешнал, Република Македонија се најде на 106-тото место. Македонија е во друштво на Монголија и Брегот на Слоновата Коска. Токму овој податок говори дека власта предводена од Зоран Заев и Оливер Спасовски штити криминал и тоне во корупција.

Македонија предводена од Зоран Заев бележи фрапантен пад за 13 места според Индексот на корупција, со што само се потврдува фактот дека проблемот со криминалот, корупцијата и рекетирањето ескалира, а институциите молчат и не преземаат ништо. Тоа се случува бидејќи институциите се под огромен притисок на рекетарската власт”, се вели во соопштението.

Од партијата додаваат дека државата ќе се справела со корупцијата кога тие ќе дојделе на власт.

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе