ВМРО-ДПМНЕ: Кога ДУИ зборува за Европа, е исто како кога криминалец зборува за чесност

Нема поголема антиевропска кампања од тоа ДУИ да е за Европа. Нема поголема антиевропска кампања од тоа ДУИ да е за Европа. По што е европска ДУИ? Дали ДУИ е европска по Бекир Асани кој сред бел ден во центарот на Скопје тепаше полицајка пред очите на голем број очевидци, за после да се врши притисок врз жената да каже дека не ја тепал, туку се удрила во пајак. Се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на денешната конференција за медиумите на Бујар Османи.

„Дали европско во ДУИ е Нефи Усеини кој од Охрид направи градежна џунгла и градеше кај ќе стигне? Дали европско во ДУИ е тоа што кадар на нивната партија на чело на транспортниот инапекторат година дена не правел контрола во Беса транс, која возеше без лиценци? Дали европски во ДУИ е можеби Шкодране Дардишта за која Владата уште нема коментар после заканите? Или можеби европско во ДУИ е тоа што се градеа платформи на Матка, дивоградби кај Мавровка? Кои се кадрите на ДУИ бандитите од ова соопштение? За какви тоа европски вредности зборува ДУИ? Кога ДУИ зборува за Европа, е исто како кога криминалец зборува за чесност“, се вeли во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе