среда, 8 мај 2024
Избори 2024

Тивок бојкот на претседателските избори во општините со мнозинско албанско население

Првите податоци на Државната изборна комисија за излезноста на вториот круг од претседателските и парламентарните избори покажуваат дека повеќемина граѓани во општините каде мнозинство е албанското население земаат по едно ливче. А тоа најчесто е гласачкото ливче за парламентарните избори. Дури и партиски функционери отвореном велат дека гласале само за нов собраниски состав.

Објавено на

часот

Сподели

Во вториот круг од претседателските избори не влезе ниту еден од кандидатите на партиите на Албанците во Македонија, БУјар Османи на ДУИ и Арбен Таравари на коалицијата Вреди. Во текот на изборниот ден висок функционер на албанскиот партнер од владината коалиција на социјалните мрежи објави видео од кое се гледа дека тој и сопругата зема само едно ливче. Веднаш потоа следуваше изјавата – нема да гласам за кандидат кој е против УЧК, кој дава изјави со кои се конфронтиаме со Бугарија, со ЕУ, САД…

Ова веќе се толкува како отворен повик на овој функционер за бојјот на претседателските избори.

Еве што покажуваат резултатите на ДИК за зилезноста до 13 часот на претседателските и на парламентарните избори: Гостивар 11,9% на претседателските, 17,2% на парламентарните, Тетово  14,8% и 24,6%, Струга 11,8% и 17,6%, Чаир 12,9% на претседателските и 20,7% на парламентарните…Или, Липково со само 3,28 отсто излезност за претседателските избори.

За избор на претседател во вториот круг неопходна е излезноста од 40%, или од 725.727 гласачи за победа се потребни 362.864 гласа.

Овој досегашен резултат меѓу гласачите Албанци може да е резултат на незаинтересираноста на гласачите Албанци, но и на отворен повика на партиите за бојкот. Но може да биде и сериозна политичка порака – без албански гласови нема претседател.

А.Д.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ