Реакција

ВМРО-ДПМНЕ: Коалицијата помеѓу СДСМ и БЕСА е коалиција за продолжување на криминалното владеење

Лидерот на БЕСА за лидерот на СДСМ Заев кажа: “Тој е измамник кој не си стои на зборот”. Два месеца потоа коалицира со истиот тој измамник. СДСМ и БЕСА денес формираа коалиција за пораз на изборите на 12 април. Коалицијата е спој на луѓе без јасни и конкретни ставови, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

„Зоран Заев е човекот кој од Македонија направи хибриден режим. Оваа коалиција е за создавање на целосен режим. Зоран Заев е човекот, главата на криминалниот октопод, шефот на мафијата. Тој е човекот под чиј диктат се носат судски одлуки и се кројат кривични постапки. Заев е човекот зад криминалот, корупцијата и рекетот, поради кои Македонија падна за 13 места на индексот на корупција на Транспаренси. Коалицијата помеѓу СДСМ и БЕСА е коалиција за продолжување на криминалното владеење.

БЕСА е партијата која заговараше федерализација на Македонија, а добро е да се знае дали и Заев ги дели истите ставови. СДСМ креира поделби.

Граѓаните ќе ги поразат СДСМ на изборите на 12 април и ќе ја донесат правдата во Република Македонија“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе