Реакција

ВМРО-ДПМНЕ: Коалицијата на Заев остана со Тито, Павле и Стојанче, а фалат пет партии

„На СДСМ ѝ фалат пет партии од последната коалиција на минатите избори. Партии го напуштаат бродот кој тоне. Пет партии не сакаат да го споделат поразот со Заев. Коалицијата на Заев е коалиција на лузери. Заев изгледа и делува осамено со истите и истрошени ликови кои не направија ништо ново пет години по ред. Заев остана со Тито Петковски, Павле Трајанов и Стојанче Ангелов“, реагира ВМРО-ДПМНЕ. Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ ВМРО-ДПМНЕ ја нарече „Најлошото за мојата општина“.

Коалицијата " Најлошото за вашата општина " е коалиција за пораз на следните избори. Раситнетата коалиција каде ги нема БЕСА, ЛДП, ДОМ, партијата на Турците и партијата на Бошњаците е коалиција за пораз, и тоа покажува дека Заев си одбра друштво во кое ќе доживее пораз“, вели ВМРО-ДПМНЕ во партиската реакција.

Според опозициската партија пет години нема ниту еден проект, нема општина каде нивото на реализација на програмата на градоначалниците на СДСМ не е под 20%.

„Има само криминал и корупција, нема работа за фирмите на народот, но има за фирмите на Заеви, во администрација не се вработуваат способните, туку роднините на функционерите. Заев е најдобро да си замине. Заев е најдобро да се повлече. Заев е најлошото во земјата“, се вели во соопштението.

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе