ВМРО-ДПМНЕ: Ќе забраниме увоз на тутун дури не се откупи домашното производство

Тутунот е стратешка земјоделска култура од која живеат десетици илјади семејства во Македонија. Власта на Заев покажа дека не се грижи за нивниот труд, туку се става на страната на откупувачите и затоа тутунарите не можат да си го наплатат својот труд, се чувствуваат изневерени и погазени.

„Во првата можност ќе го измениме Законот за тутун и ќе забраниме увоз на тутун се додека не се откупи и последната количина тутун произведена од македонскиот земјоделец. На овој начин ќе се постигне повисока откупна цена на тутунарите и реално вреднување на нивната мака и труд. Не смее да се дозволи уште една пропадната реколта во која тутунопроизводителите ќе продаваат килограм тутун по цена од една кутија цигари, цена која не е доволна да ги покрие основните трошоци за производство, а не пак да остане нешто за живот на овие вредни семејства.

Овие четири години власт на Заев се четири украдени години за граѓаните, а посебно за тутунопроизводителите. Наместо македонскиот тутун да се откупи по реални цени, Заев овозможи да се увезува тутун од странство и на тој начин тутунарите ги доведе во подредена положба и да бидат ограбени. Доста е“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе