ВМРО-ДПМНЕ: Ќе има ревизија за сите позајмени и потрошени пари

Зоран Заев и Нина Ангеловска ја задолжуваат државата без основ. Вчера наместо првично предвидените 67 милиони евра, Министерството за финансии се задолжи за 82 милиони евра или 15 милиони повеќе. На што и како ќе се трошат тие дополнителни 15 милиони евра е нејасно, исто како што е нејасно каде завршуваат и другите пари од задолжувањето. Иако нивото на јавниот долг секојдневно се зголемува, државата нема мрднато од мртва точка. Нема инвестиции, нема проекти, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

„Рапидното задолжување пред избори индицира само на изборна корупција која што власта веќе ја прави. Милионите кои сега ги земаат ќе треба да ги платат граѓаните по 5, 10 или 20 години, а со нив не се прават работи кои имаат додадена вредност за државата, напротив се трошат бесцелно. Откако  СДСМ е на власт јавниот долг изнесува 5,4 милијарди евра. Ова е спротивно на сите ветувања кои ги даваа дека нивото на јавен долг ќе го намалат. Јавниот долг не се намалува, туку се зголемува.

Расипничкото трошење на парите на граѓаните море да запре.  По 12 април ќе следи детална ревизија на сите позајмени и потрошени пари. Никој не смее да си игра со парите на граѓаните“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе