ВМРО-ДПМНЕ: Катастрофа во образованието, 20.000 ученици без компјутери, импровизирана наставна програма, руинирани училишта...

Образованието во Македонија со тандемот Царовска - Заев е во целосен колапс. Ученици немаат елементарни услови за следење на настава, бојкот на матуранти, протести на студенти, руинирани училишта, а Царовска се посвети на ПР со поставување на пластични паравани, соопшти денеска ВМРО-ДПМНЕ.

„Деновиве гледаме дека над 70% од матурантите ја бојкотираат наставата и бараат од министерката Мила Царовска да ги разгледа и прифати нивните барања, но тие добија само закани и уцени од страна на министерката, директорите и професорите.

Концептот за основно образование, Царовска се уште се обидува да го протуркаат на сила, вклучувајќи и академици со ПР текстови кои по нарачка се пуштаат преку Министерството за образование за да ја убедат јавноста колку е добра нивната концепција, а бегаат од јавни расправи и дебати во Собранието за овој проблем со кој сакаат да се укине предметот историја.

Веќе 4 месеци откако е почната учебната година, а се уште Владата и Министерството за образование не успеаја да обезбедат услови за над 20 илјади ученици обезбедувајќи компјутери за да можат нормално да ја следат наставата.

Според Царовска финскиот модел во образованието значи импровизирана наставна  програма, руинирани училишта, без  дигитализација на образованието.

Царовска, исто како и нејзиниот ментор Зоран Заев нема слух за проблемите со кои се соочуваат како учениците, така и студентите и професорите. Со ваков лошо менаџирање во образованието Македонија ќе има уште многу загубени генерации“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе