Реакција

ВМРО-ДПМНЕ: Како Вице исчезна од кривична пријава за рекет во РЕК?

Љупчо Николовски треба да одговори зошто како вицепремиер одговорен за борба против корупција уште не истражил и нема разрешница за тоа како Вице Заев исчезна од кривична пријава за рекет во РЕК, зошто Вице не е повикан во ЈО, но и зошто случајот стои замрзнат? Кога ќе одговори за Вице, нека каже и зошто Ден Дончев наместо на истражна клупа се наоѓа на слобода? Но и до каде се случаите со Драги Рашковски кој беше фатен инфлагранти во криминал и местење на тендери, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Николовски.

„Од вицепремиерот се очекува да каже и до каде се случаите со Лидија Димова. Одговори чекаме и за провизиите на Венко Филипче од вакцините, матните тендери во здравството и сите пропусти на министерот смрт Филипче. Долга е листата за истраги и процеси кои се закочени или воопшто не се отворени. За сите овие криминали ќе има одговорност. Заев и Николовски може само времено да ја одложат, а со тоа дополнително да се инкриминираат“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе