„Впрочем Спасовски и тогаш и сега не застана во одбрана на полициските службеници директно заштитувајќи противзаконско и насилничко однесување.
Ваквата дрскост на бандитите е резултат на заштитата која ја имаат во врвот на МВР. Затоа Спасовски молчи за овој скандал исто како што го забошотува и случајот со самоволието на децата на полициските функционери, исто како што молчи и за државјанството на Онишченко, исто како што го забошотуваше скандалот со 215 оригинални пасоши за белосветски мафијаши.
Спасовски требаше да си поднесе оставка уште вчера после сите скандали и афери за кои е директно одговорен. Тој премолчува и заштитува кршење на законите и тоа го прави директна закана по редот и мирот во Македонија.