ВМРО-ДПМНЕ: Јовески и Русковска треба да одговорат колку чинеле гласовите на командант Баци

Јавното обвинителство мора да истражи која била цената и колку Заев ги платил изборните гласови купени од командант на УЧК. Јасно е дека командантот Баци не му помагал со изборни гласови на Зоран Заев заради убавина или уметнички впечаток. Или се тргувало со пари или се тргувало со највисоките национални интереси. Одговорот треба да го дадат истражните органи доколку успеат да се ослободат од сервилноста на Јовевски и Русковска, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„Криминалите на Зоран Заев и СДСМ немаат крај. Целата македонска јавност го гледа вистинското лице на аболицираниот криминалец Зоран Заев. Според последните сознанија на италијанскиот медиум „Ла верита“ Зоран Заев од поранешен командант на УЧК купил 5 илјади гласови. Според  „Ла Верита“,  договорот е направен благодарение на Захир Бекири Чауш, кој имал директна комуникација со шефот на СДСМ, бидејќи во тоа време се сметал за еден од неговите најблиски соработници. Чауш своето влијание го губи во 2016 година кога при претрес полицијата кај него дома наоѓа околу 30.000 лажни документи меѓу кои пасоши, лични карти, но и оружје.

Правдата е бавна, но никој не побегнал од нејзе, па така нема ниту Зоран Заев да побегне. Одговорност за криминалите на Заев и СДСМ мора да има. Ќе одговараат сите кои се огрешиле пред законот како и оние кои што наместо да го гонат се ставиле во одбрана на истиот“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе