ВМРО-ДПМНЕ: ЈО молчи за „Рекет 2“, Заев и Филипче го пуштија Ден Дончев сам да се брани

Точно една недела откако во јавноста осамна аферата Рекет 2 тешка над 11 милиони евра, а ЈО на Русковска и властите не реагираат воопшто и со своето неделување овозможуваат криминалците да го повторат делото, да влијаат врз сведоци и докази, севели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„Заев и Филипче го пуштија Ден Дончев да се брани со илузорна прес конференција, на која го призна практично целиот криминал, но реакција од ЈО нема. Реакција нема, затоа што ЈО е под директна команда на Зоран Заев. Неказнивоста на криминалот и непостапувањето на институциите во заштита на инвестициите кои обезбедуваат подобар стандард ќе има долгорочни последици. Со несериозниот третман на случајот Рекет 2 се испраќа поpака дека секој потенцијален инвеститор може да настрада и нема да добие правда доколку на него му се намерачи некој соработник на Заев.

Затоа е толку катастрофална состојбата со странските инвестиции, а од Македонија заминуваат и оние кои дошле.

Заев и Русковска по истиот принцип по кој ја затскриваа аферата Рекет сакаат да го затскријат и Рекет 2. Да не беше меѓународниот притисок во Рекет истрага воопшто и ќе немаше, за подоцна откако меѓународната јавност реагира во притвор да завршат само директните извршители Зоран Милески - Кичеец, Боки 13 и Катица Јанева.

Зоран Заев и Вилма Русковска мора да знаат дека власта не е вечна, и дека со паѓањето на СДСМ од власт одговорност за целиот криминал, како и за неговото затскривање со цел неказзнивост ќе има.

Секој еден кој сега под диктат на власта врши криминал ќе одговара. Зоран Заев и СДСМ паѓаат. Граѓаните ќе им го кажаат тоа на претстојните парламентарни избори“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе

Најпрво, важно е да се напомене дека поседувањето на оф-шор компанија не е нелегално само по себе. Во суштина оф-шор земјите нудат низа поволности како што се исклучително поволни стапки на данок. Всушност, некои од нив имаат нула стапка на данок. 

повеќе