„Не може обвинителството да молчи пред фактот дека овие пари соларниот картел ги заработил најмногу во периодот откако Ковачевски е функционер и во центарот да биде токму Пиксел груп, фирмата во која тој е еден од основачите.
Ковачевски и неговиот кум Паунов ја формирале Пиксел груп откако СДС доаѓа на власт и истата од 2019 до 2021 година добива над половина милион евра државна помош. И за да биде криминалот очигледен половина од времето Ковачевски е на функција. Воедно над 200.000 евра се земени во периодот кога Ковачевски е мандатар за состав на нова влада. И тука не запрел овој соларен картел со црпењето државни пари. КМГ ЕОЛ Квазар, фирма основана од кумот на Ковачевски добила речиси 2 милиони евра за тендери за поставување на фотоволтаични панели и тоа баш произведени од Пиксел груп, основана од Ковачевски и неговиот кум.
Без осет црпеле државни пари, а за тоа покажува и фактот дека откако Ковачевски станува премиер фирмата која тој ја основал се заортачува со бугарска компанија и заедно градат фабрика во ТИРЗ Тетово во вредност од 54 милиони евра.
Поочигледен случај за криминал, злосторничко здружување и тргување со влијание, обвинителството и не може да најде. Се што треба е да собере храброст и да отвори случај за соларниот картел предводен од Ковачевски. 26 милиони евра се украдени од граѓаните во аферата Броило, пари кои можеле да се наменат за помош за граѓаните кои не знаат како ќе си ги платат сметките. Затоа ЈО не смее да молчи пред фактите и да застане во одбрана на криминалот. Одговорност мора да има“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.