ВМРО-ДПМНЕ: Јавно соопштуваме дека директен учесник во пропаѓањето на Еуростандард се Заеви

Директен учесник во пропаѓањето на Еуростандард банка се Заеви, таму кредити без покритие земал неговиот брат му на премиерот Зоран Заев, Вице Заев. 29 фирми од Струмица, меѓу кои и Сара инженеринг на Вице Заев, како и Глобал медиа груп и Тритерол, фирми на бизнис партнерите на Заеви, земале кредити без покритие и од невраќање се стекнале со богатство од 13 милиони евра, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„Дали сопственикот на компанијата Минки е косопственик во друга фирма каде се бизнис партнери на Заеви кои го градат трговскиот центар во Прилеп. СДСМ не може да избега од вистината, до гуша се потонати во криминал тежок 200 милиони евра со кој пропадна банка и илјадници граѓани се оштетени. Ова е вториот ТАТ, а за него е виновен Зоран Заев“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе