ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува одлуката за датумот за преговори и ветува дека успешно ќе ги спроведе

 ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува позитивната одлука на Советот на министри за надворешни работи  на Европската Унија, а воедно го очекуваме и датумот за првата меѓувладина конференција со земјите членки на ЕУ.

„Европските определби се наша стратешка ориентација и преставува одлука темелена на заедничките напори на владите од потпишувањето на Спогодба за стабилизација и асоцијација од 2001-та година до сега, како и последователните 10 позитивни извештаи на Европската Комисија.

Како што се посочува и од самата Унија потребно е да се исполнат голем број на реформи особено во правосудството, борба против корупцијата, економијата и заштита на стандардот на граѓаните. Зоран Заев и СДСМ ја понижија, омаловажија и опустошија Македонија, доаѓа времето кога ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе ги направи граѓаните и Македонија горди.

Добрата вест за граѓаните е што после следните парламентарни избори владата на ВМРО-ДПМНЕ успешно ќе ги спроведе преговорите и на брза трака ќе ја внесе државата во ЕУ“, соопшти партијата.

Даночните затајувачи сѐ почесто се мали фирми, кои сѐ потешко се следат.

повеќе

Повлекувањето на Обединетото кралство од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото.

повеќе

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе