ВМРО-ДПМНЕ: Истрагата за „Рекет” стана класична фарса

Наместо брза разрешница и истрага за случајот „Рекет” која ќе дојде до главата на криминалниот октопод, Рускоска и Јовески прават се за да ја заштитат криминалната рекетарска банда на чело со Зоран Заев, обвини опозициската ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение.

„Рускоска целосно ја компромитираше и девалвираше истрагата за случајот ‘Рекет’. Гледаме како Кики и Фрики парадираат слободни, повикани како сведоци, а целата јавност е свесна дека тие се фасилитатори на рекетот. Jaсно е дека директивите ги добивале од Илинденска бб”, пишува во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат до кога Рускоска ќе ја замајува македонската јавност и ќе ги штити нарачателите на милионскиот „Рекет“.

Според соопштението, не постои човек во Македонија кој верува дека Боки 13 и Катица Јанева рекетирале сами, а дека во најголемата криминална афера во историјата на Македонија не е вмешан човек кој е три пати амнестиран за крупен криминал.

„Аболицираниот Зоран Заев е главата на октоподот, тој е на чело на криминално-рекетарската банда која преку пипците, Боки Тредичи и сењора Катица рекетираше бизнисмени, политичари, македонски граѓани”, се додава во соопштението.

Од партијата порачуваат дека е време е да се стави крај на трговијата со правдата и на политичкиот прогон во Македонија.

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе

На Македонија и Бугарија им треба дебата која ќе го унапреди историското разбирање без робување на идеологии, митологии и политики.

повеќе

Македонизмот често е мистика и точка на недоразбирање и меѓу Македонците и на Македонците со другите народи во и околу Македонија.

повеќе