ВМРО-ДПМНЕ: Истрагата за „Рекет“ е компромитирана

Истрагата за најголемата криминална афера во модерната македонска историја е компромитирана. Сите индиции велат дека во криминалниот октопод се вмешани лица од највисоките ешалони на извршната и судската власт, кои во изминатиот месец имаа доволно време на располагање да влијаат на истрагата и сведоците во случајот „Рекет“, обвинува опозициската ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение.

„Очигледно е дека Русковска работи на тоа аболицираниот Зоран Заев и неговата криминална банда да бидат амнестирани. Русковска изминатиот месец стори сѐ за главата на криминалниот октопод, Зоран Заев да биде ослободен од вина за милионскиот рекет. Заев знае дека е виновен, знае дека времето на неговото криминално владеење е завршено и токму поради тоа е во паника. Тој напаѓа новинари и јавно ги навредува неговите довчерашни најблиски соработници, а цело ова време Русковска и Јовевски чекаат негова команда, кој следен чекор да го преземат“, пишува во соопштението.

Од партијата порачуваат судот и обвинителството да се ослободат од стегите на власта и да постапат согласно нивната законска обврска.

Вчера оправдано доминираше веста дека „Макрон ќе поддржи преговори за Македонија и Албанија ако ЕК препорача во март“.

повеќе

Албанија мора отворено да каже, дека обидите на Софија за асимилација на Македонците во Албанија како Бугари не се добрососедство, туку отворен напад.

повеќе

Перењето пари преку трансакции со недвижнини ги интегрира црните фондови во економијата, притоа обезбедувајќи сигурна инвестиција.

повеќе