ВМРО-ДПМНЕ: Инфлацијата е највисока по 1995 година, време е за избори

„Објавата на стапката на инфлација од 10,5% на годишна основа, ги потврди стравувањата дека инфлацијата излезе од контрола, а доцната реакција на носителите на економските политики, недоволната будност на оваа Влада дека треба навремено да се справи со предизвикот на енергетската криза и растот на цените, ѝ донесе на Македонија инфлација каква што не сме имале од 1995 година. Време е за избори", порачува ВМРО-ДПМНЕ.

Во партиското соопштение се наведува дека инфлацијата сите ја чувствуваат и дека таа го јаде животниот стандард на народот.

„Неуспешното справување на оваа Влада со инфлацијата може да се согледа во фактот што сличната инфлација од 2008 година никој не ја памети. Тогаш, вистинскиот раст на платите, даночните реформи со кои се зголеми расположливиот доход на населението и фирмите, намалувањето на придонесите и многу други успешни политики на Владата на ВМРО-ДПМНЕ успеаја да го задржат животниот стандард на граѓаните и да не ја чуствуваме инфлацијата. Сега, имаме погубна севкупна маркоекономска политика и е време за избори“, се вели во соопштението.

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе