ВМРО-ДПМНЕ: И „Репортери без граници“ потврдува дека Заев и власта се закануваат и шиканираат новинари

Не е возможно да се објави вест или истражи скандал, а без потоа новинарот односно медиумот да не биде мета на напад на голем број на партиски ботови на социјалните мрежи, со закани и за неговиот живот и животот на неговото семејство. Постои сомнеж дека истите се платени и со државни пари, односно одат на работа во владата, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„Власта оди до таму што поткренува и судски случаи против новинари и ги малтретира по судови, такви се случаите со уредниците на Инфомакс и Лидер, кои завршија во ЈО затоа што се охрабриле да истражуваат криминал на власта.

Но заканите, притисоците и насилието на власта не останува незабележано од меѓународниот фактор и меѓународните организации. Извештајот на „Репортери без граници“ во кој констатираат пад на медиумската слобода е доказ дека насилството се следи и нема да помине.

Медиумите кои се на мета на оваа власта, треба да продолжат непристрасно и професионално да си ја вршат својата професија, зошто само така овој хибриден режим ќе падне, а слободата повторно ќе биде право, а не привилегија“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе