ВМРО-ДПМНЕ: И „Рекет 2“ власта сака да ја заташка

Аферата „Рекет" која власта се обидува со сите сили да ја заташка со помош на нејзините пипци во Јавното обвинителство го наруши меѓународниот углед на земјата. Дополнително аферата „Рекет 2", која сега излегува на површина исто така постојат обиди од власта да се минимизира. Властите наместо да реагираат и да го расчистат случајот организираат бледи прес-конференции за одбрана на криминалот, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Рекет е само кулминација на сиот криминал кој се случува  со години во Македонија под водство на Зоран Заев. Три години нема бизнис кој не е изрекетиран. Јатаците на Заев прават ршум низ Македонија. Генералниот секретар на владата, Драги Рашковски се уште е на слобода, а има сомневање за сторен криминал од 1,8  милиони евра. 

Истрага нема ниту за сомнителната распределба на пари преку Фондот за иновации, ниту пак за епидемијата на непотизам.

Постојано се појавуваат некој нови криминали. Криминал прави секој функционер на власта, на сите нивоа на истата.

Оваа криминална влада мора час поскоро да си замине. СДСМ  мора да си оди. Потребни се предвремени парламентарни избори“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе