ВМРО-ДПМНЕ: И Пендаровски знае дека власта е криминална

Три години СДСМ, три години Македонија пропаѓа. Младите константно се иселуваат, а вчера и Стево Пендаровски кажа доколку нема функција како претседател и тој ќе се исели. За која црна економска политика зборува Заев, кога и шефот на државата вели дека би се иселил кога не би бил претседател!? Што треба да кажат младите“, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„Економската политика на Заев е фијаско. Доказ за тоа се преполните автобуски и аеродроми со млади кои со карти во еден правец ја напуштаат државата.

И Стево Пендаровски знае дека власта е криминална, рекетот цвета и е потоната во корупција. И Стево Пендаровски знае дека правниот систем е нефункционален. И Стево Пендаровски знае дека Македонија со Заев тоне.

Сите знаат дека до СДСМ Македоника пропаѓа, само Заев има розеви очила и не ја гледа реалноста. На 12 април завршува времето на лаги и манипулации“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. 

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе