„И додека Заев и Филипче се држат само до носи маска, државите во Европа спроведуваат многу конкретни мерки. Но, кај нас Заев и Филипче чекаат?! Така велат самите. Додека Заев и Филипче чекаат и си ги тераат бизнисите, граѓаните се оставени сами на себе. Ниту политичката Комисија за заразни болести не знае очигледно ништо повеќе од носете маски. Затоа за оваа ситуација кога има повеќе од илјада лица починати и сме високо на листата по починати лица на милион жители мерката е јасна – Филипче да поднесе оставка“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ: И бројот на починати од корона надмина илјадарка, единствената наредна мерка е оставка на Филипче

Соопштенија
Објавено на
02 Ноември 2020 - 08:45