ВМРО-ДПМНЕ: Храната за една година поскапе за 25 отсто заради неспособноста на СДСМ

За само една година споредно декември 2020 година со декември 2021 година, цените на храната се драстично зголемени, а според податоците објавени од Државниот завод за статистика, цената на лебот сега е за 9,3% повисока од лани, исто како и шеќерот, а најголемо покачување имаме кај маслото за јадење, кое за една година поскапи за 25,1%, обвинува ВМРО-ДПМНЕ во утринското соопштение.

„Во услови кога владата е неспособна растат и цените на овошјето и месото, кои доаѓаат од увоз, а тоа произведено од нашите земјоделци скапува по нивите. За една година цената на овошјето и зеленчукот е зголемена за 6,5%, додека цената на месото е поголема за 5,7%.

Маслото за јадење, месото, лебот, шеќерот и овошјето и зеленчукот се основни намирници, кои секое домаќинство ги користи, кога цените на овие производи растат погоден е секој еден човек“, се наведува во соопштението.

 

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе