ВМРО-ДПМНЕ: Хаос во администрацијата, незадоволството расте

Доцнат платите во МВР и Армијата. Наши војници во Германија се пратени со скинати униформи. Полицијата дома кубури со опрема. Власта е инертна и не презема ништо. Хаос е во целата администрација, а вработените се соочени со неизвесност заради неспособноста и незаинтересираноста на Зоран Заев и неговите функционери, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

„Докторите, војската и полициските службеници одат со стари и искинати униформи. Книги за учениците нема, иако учебната година е почната уште пред еден месец. Власта троши на сѐ, само за граѓаните не.

Нема пари за соодветно зголемување на пензиите. Полицијата протестира и блокира, а земјоделците протестираат и го фрлаат својот род. Во Македонија владее хаос и незадоволство.

Само Зоран Заев е среќен бидејќи неговото семејно богатство и богатството на неговите соработници континуирано расте.

Македонија не може да продолжи да ги трпи неправдите. Потребни се предвремени парламентарни избори за пад на СДСМ. Доаѓа време за обнова на Македонија“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе