ВМРО-ДПМНЕ: Грешките на Заев предизвикаа енергетска криза, да се формира кризен штаб

Поради алчноста и неспособноста на Заев ни претстои енергетска криза. Треба да се формира кризен штаб за брзи решенија. Заев и власта неконтролирано трошеа од хидроцентралите за да покажат профит во изминатата година, а сега езерата се на минимум, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ

„Термоелектраните немаат јаглен. А немаат затоа што власта само брка тендери, а не се грижи за механизацијата во РЕК.

Директорот на МЕПСО кажа дека во изминатиов месец државата трошела дупло повеќе струја отколку што произведувала. 1/3 од струјата која недостасувала буквално е преземана од европскиот заеднички систем. 

Како последица на таквото преземање и самиот директор на МЕПСО кажа дека само за еден месец претпријатието ќе треба да исплати 15 милиони евра кон странство, што е половина од парите кои се како добивка на МЕПСО на годишно ниво, со што ќе биде загрозена ликвидноста на МЕПСО. Власта е неспсобна да се справи со енергетската криза, и треба да си замине“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

Со почит,

 

 

 

 

 

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе