ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните стануваат сѐ посиромашни, а Заев и Анѓушев продолжуваат да местат тендери

Вработените од Еурокомпозит не поставија шатори пред Владата за да ги прославуваат манипулациите на Зоран Заев, туку протестираат заради тоа што не може да ги прехранат сопствените семејства. Вработените од Југохром две години ги слушаат лагите на Заев за економскиот бум и рестартирањето на комбинатот, но оставени се самите на себе да се снаоѓаат како знаат и умеат. Синдикатите за утре организираат протести не заради растот со кој што се фали Заев, туку за да се овозможи достоинствен живот за работниците, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Граѓаните стануваат сѐ посиромашни и живеат сѐ потешко. Животот поскапува, акцизите се зголемуваат, даноците растат, а нема повисоки пензии, ниту плати. Заев ја задолжува државата со стотици милиони евра, кои завршуваат по приватни џебови, а не во капитални инвестиции кои целосно колабираа. Ова е тажната слика на македонската економија. Само Заев и Анѓушев може да бидат среќни бидејќи нивните бизниси и личното богатство се зголемуваат.

Не е неочекувано бруто домашниот производ да пораснал во првиот квартал, но тоа главно се должи на катастрофалниот прв квартал минатата година. Доколку Заев и Анѓушев продолжат да се занимаваат само со местење на тендери, нема да биде изненадување, растот во останатите квартали да се сведе на нула.

Намалувањето на невработеноста може да го зачуди само оној кој не ги видел полните автобуси со млади и работоспособни луѓе кои ја напуштаат Македонија. Тешко да има човек кој нема свој близок што заминал во странство по корка леб. Цели семејства заминуваат, а цели региони опустошуваат заради неспособноста на оваа влада. Мала утеха за оние кои ги испратиле своите најблиски на печалба е фалењето на Заев дека заради напуштањето на земјава, тој успеал да ја намали невработеноста“, се вели восоопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе